Лисичани позитивно ја прифаќаат акцијата за селектирање пластика

Од:

Граѓаните позитивно ја прифаќаат акцијата за собирање пластика од домовите што ја започна Општина Аеродром во населбата Лисиче, соопштија од Општината.

Велат дека за неколку денови биле посетени куќите од неколку улици во оваа населба и веќе 50-ина семејства со задоволство ги потпишале договорите за соработка.

– Акцијата вклучува околу 400 домаќинства во населбата Лисиче, на кои им се оставаат по две ќеси за да ја селектираат својата пластика. Ќесите ќе се подигнуваат во одреден ден во неделата од страна на неформалните собирачи на отпад, посочија од Општина Аеродром.

Од Општината наведуваат дека резултати што се очекуваат со реализацијата на оваа акција се намален отпад на депонии, намалено аерозагадување, заштита на животната средина и социјална и економска инклузија (вклучување) на неформалните собирачи на отпад.

Акцијата се одвива во соработка со еколошкото здружение „Гоу грин“ и Ромскиот бизнис информативен центар, а со поддршка на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени