Жител на Бузалково тешко повреден во сообраќајка кај Росоман

Од:

Четириесет и едногодишниот С.И., жител на велешкото село Бузалково е тешко повреден во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случила кај Росоман, потврди денеска за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Сообраќајната незгода се случила на магистралниот пат Градско – Прилеп, помеѓу патнички автомобил марка „пежо“ со француски регистарски таблички управуван од А.Б.(25) и патнички автомобил марка „фолксваген голф”, со велешки регистарски броеви управуван од жителот на Бузалково. Тешко повредениот бил пренесен и задржан на лекување во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, појасни Додевски.

​Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица за општа надлежност Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски