Форум за демократска Македонија: Владата сеопфатно да се бори со корупцијата

Од:

„Форумот за демократска Македонија, заедница на иселеници од Македонија, го искажува своето незадоволство од подготвеноста на институциите на системот да се ангажираат во борба против корупцијата и злоупотребата на моќ.

Најновиот случај на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност, покажа дека речиси по рефлекс и како по навика тенденциите на обиди за закривање или извртување на одговорноста продолжуваат.

Под притисок на јавноста се случи барањето за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност. Иако позитивен исчекор, ова е далеку од доволно за одлучна борба против корупцијата, бидејќи се сведува на политичка, а исклучува дисциплинска и кривична одговорност.

Наместо државните институции да ги спречат или детектираат пропустите, таа улога и натаму ја презема јавноста со секојдневно лоцирање на неправилностите како што е случајот со тендерите или пак доделувањето средства од разните фондови. Последен пример е случајот со субвенциите за иновации.

Сето ова укажува дека механизмите за спречување и откривање на #корупција во државната администрација се или несоодветни или не се спроведуваат доследно.

За жал, и ветените системски решенија и реформите во правосудството доцнат. Владата мора сеопфатно да се бори со корупцијата, а не само преку поништени тендери и разрешувања. Овој пристап праќа порака за висока исплатливост и мала веројатност за одговорност.

#ФДМ кој произлезе од граѓанските движења меѓу иселениците, кои се бореа за владеење на правото, исто како и овие движења се залага за промена, а не за замена.

Скандалите поврзани со сомневањата за корупција и злоупотреба на службената положба се повеќе го нагризуваат кредибилитетот на Владата и довербата во нејзините реформски капацитети. Како што од граѓаните се очекува болен компромис заради евроатлантската интеграција и отворање на перспективите за развој на државата, така и политичките елити, а пред се власта, треба непоколебливо да покажат европско поведение преку одлучни реформи и активности за нулта толеранција на корупцијата“, се вели во соопштението на Форумот за демократска Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски