Нема присуство на вирус на западнонилска треска кај двата сомнителни случаи

Од:

Резултатите од испитувањата во лабораторијата на Институтот за јавно здравје покажаа дека двете лица (дете и жена) немаат вирус на западнонилска треска.

Ова денеска го истакна доктор Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Овие испитувања во лабораторијата на Институтот следат откако при претходно направени анализи постоеше сомневање за можна инфекција кај овие две лица.

– Во последните две недели веќе имаме брз и значителен пораст на бројот на заболени. Во Грција бројот на заболени е 50, во Италија над 50, во Унгарија и Романија има потврдени случаи на западнонилска треска. Во соседна Србија има над 70 заболени и пет смртни случаи, рече Кузмановска и потенцира дека единствената заштита е заштитата од убоди од комарци.

Таа препорача да не се излегува надвор во време кога комарците се најактивни, да се носи заштитна облека, да се користат средства за заштита од комарци, да се стават мрежи на прозорците и вратите за да се спречи влегување на комарците во домовите, во дворовите да не се држи застојана вода…

Додаде дека претстои трета фаза на дезинсекција на ларвицидни форми, а во тек е прскање против возрасни комарци. Според неа, најдоцна во март треба да се направи првата ларвицидна дезинсекција.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Сите реагенси од исклучените фрижидери се функционални

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Драстично зголемување на бројот на заболени од грип

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска