Почна бесплатното чистење на 100 оџаци во Скопје

Од:

Кандидатите кои ја посетуваат обуката за оџачари во средното училиште „Здравко Цветковски“ излегоа на терен и почнаа бесплатно чистење на 100 оџаци на граѓаните што се пријавија на повикот на Град Скопје.

Обуката што ја организира Град Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување ја посетуваат десет кандидати. Обуката ќе трае три месеци, а за тоа време секој учесник ќе добива надомест од девет илјади денари месечно.

По завршувањето, секој од кандидатите, покрај сертификат, ќе добие основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот.

Засега во главниот град има само осум регистрирани оџачари, а 45 отсто од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот. Неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак.

Град Скопје информира дека преку целата година работат на намалување и елиминирање на причинителите на загадувањето на долг рок. Според нив, чистењето на оџаците ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција