Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Велес, од Кавадарци, вечерва ќе изврши дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци и останатите молестанти на територијата на општина Росоман.
Оттаму велат дека со дезинсекцијата ќе се спречи појавата на вектор-преносливи болести, кои ги пренесуваат комарците и други инсекти.
Апелираат до пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.