Туристите во Македонија во првиот квартал потрошиле 64,7 милони долари

Од:

Шеесет и четири милиони американски долари потрошиле во првите три месеци од годинава туристите на патувања во Македонија.

Девизниот прилив во овој квартал, како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, од 64,71 милион американски долари бележи раст од 26,5 проценти во споредба со тој период лани.

Според Агенцијата, континуираното зголемување на девизниот прилив од туризам во последниве години се должи на мерките и активностите што беа преземени изминатите неколку години од целиот туристички сектор во земјава.

– Една од активностите што ги релизира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во насока на промоција на Македонија во странски земји беше интензивирана и реализирана преку строго таргетирање на маркетинг кампања која се пласираше во таргет земјите. Со овој тип маркетинг активности Агенцијата за туризам го рекламира туристичкиот потенцијал на земјава преку туристичките капацитети, локации, знаменитости, историја, култура, традиција и гастрономија. Македонија се најде во бројни објави на светски познати магазини и интернет страни, додека интересот на информативни патувања во Македонија континуирано е во пораст. Реализацијата на турите за новинари и тур-оператори кои имаат за цел да го претстават туристичкиот потенцијал на државава важат за дополнение на промоцијата на државава, наведуваат од Агенцијата.

Во соопштението се вели дека приказната за промоцијата пласирана од страна на Агенцијата за туризам се заокружува со давање различни видови на поддршка на приватниот сектор, како и поддршка на различни проекти кои имаат за цел засилување и збогатување на туристичките содржини.

Покрај растот на девизниот прилив по основ туризам, раст бележи и бројот на посети од домашни и странски туристи за 15,1 отсто во првите пет месеци на 2018 година во споредба со истиот перод во 2017 година. Бројот на домашни туристи расте за 7,8 отсто, додека кај странските гости е во пораст за 19 отсто во истиот период. Овој тренд, како што посочуваат од Агенцијата, е проследен и со пораст во бројот на ноќевања остварени во Македонија (13,6 отсто) во периодот од април-мај 2018та година, во споредба со тој период лани.

Од Агенцијата оценуваат дека придонесот за целокупниот раст во туристичката индустрија, покрај наведените фактори, се должи и на зголемувањето на бројот на летови од и до скопскиот и охридскиот аеродром, но и модернизација на патната инфраструктура во земјава.

– Земајќи го предвид досегашниот тренд на пораст, очекувањата до крајот на 2018 година е овој тренд да регистрира благ пораст поради зголемувањето на број на туристи кои ќе патуваат низ Македонија со автобуси или сопствени возила.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ