На социјалните мрежи се споделува видео за кое авторот тврди дека е снимено во градинка во Гевгелија, а на кое се слуша како восиптувачка навредува мало дете кое плаче без престан.
„Не знам колку се слуша, но еве што се случува зад грбот на родителите од многу искусните вработени во градинките. Плачењето траеше два часа, а таа наместо да ги смири им се обраќаше со кучно една, краво и што уште не. Не знаев дали да влезам и да ја утепам, што попрво да направам. Срце ми се распрарчи мали деца да трпат таква тортура. Страшно и безобразно. Инаку градинката се наоѓа во Гевгелија на улицата Илинденска“, напиша во описот авторот на видеото, кое беше споделено на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Ne znam kolku se slusa,no eve sto se slucuva pozadi grb na roditelite od mnogu iskusnite vraboteni vo gradinkite.Placenjeto traese 2 saati,a taa namesto da gi smiri im se obrakjase so kucko edna,kravo I sto uste ne..Ne znaev dali da i vlezam I da ja utepam sto poprvo da i napravam.Srce mi se rasparci mali deca da trpat takva tortura strasno I bezobrazno.Inaku gradinkata se naogja vo Gevgelija ul.Ilindenska??
Posted by Julijana Ortakovska on Понеделник, 06 август 2018