MФ: Глобите за царински прекршоци намалени за 75 отсто

Од:

Mинистерството за финансии се огласи со соопштение во кое вели дека глобите за царински прекршоци се намалени за 75 проценти.

Еве го соопштението на Министерстваото за финансии:

„За 75% во просек се намалени глобите за царинските прекршоци за кои е предвиден мандатен платен налог, односно за оние кои можат да се платат на лице место. Со измените на Царинскиот закон се врши намалување на глобата од 250 евра на 50 евра за правно лице и од 50 евра на 15 евра за физичко лице.

Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, целта на измените е подобрување на легислативата во насока на создавање на униформна, правична и пропорционална примена на прекршочните одредби, соодветно на тежината на сторениот прекршок.

Со измените на Царинскиот закон се овозможува и побрз проток на стоките. Имено, тој овозможува взаемното признавање на издадените одобренија за овластен економски оператор во рамките на ЦЕФТА. Ова е голема придобивка за македонските трговски друштва кои тргуваат во регионот. Признавањето на одобренијата за економски оператот ќе овозможи побрз проток на стоката која се извезува, помалку физички и документарни контроли и можност да се одбере местото каде ќе се спроведат контролите. Сето ова ќе придонесе за олеснување на регионалната трговија.

Со измените на законот се врши и усогласување со Конвенцијата за заедничка транзитна постапка. Со нив се усогласуваат одредбите кои се однесуваат на употреба на гаранции за обезбедување на плаќање на царинскиот долг или други давачки кои можат да настанат во врска со стоката ставена во транзитна постапка.

Измените на законот стапуваат на сила кон средината на овој месец“.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска