Хрватската бирократија ја преферира хартијата, а не интернетот

Од:

За хрватските бирократи и денес во 21 век хартијата има предност над интернетот. Пријавите за работа и понатаму мора да се испраќаат само преку пошта, во илјадници примероци, објави хрватскиот неделник „Глобус“.

Неделникот како пример ја наведува Агенцијата за плаќање во земјоделството, рибрарство и рурален развој, која на 24 декември распиша два конкурса за вкупно 64 работни места на одредено време. Многу од тие работни места бараат исти квалификации, па еден кандидат во исто време може да се пријави за повеќе работни места во Агенцијата. Документите за секое работно место треба да се испратат во различни коверти на иста адреса.

„Глобус“ наведува дека конкурирањето за некое работно место има и своја цена, посебно во државниот и јавниот сектор, каде се бараат оргинални или заверени копии Трошокот за секоја поединечна пријава може да изнесува и повеќе од 150 куни (околу 20 евра).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска