Нови велосипедски патеки на неколку локации во Скопје

Од:

Град Скопје соопшти дека се почнати или ќе започнат градежни работи на велосипедски и пешачки патеки со вкупна должина од над пет километри.

Нови велосипедски патеки ќе има на бул. „Борис Трајковски“ – од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до поранешната фабриката „Стаклара“ (3132 метри), на улица „11 Октомври“ – од крстосницата кај бул. „Крушевска република“ (Тутунски комбинат) до крстосницата со бул. „Кочо Рацин“ (666 метри), на бул. „Крсте Петков Мисирков“ – од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до клучката на Бит-пазар (1142 метри) и на улица „Бутелска“ до крстосницата со улица „Душко Поповиќ“ (310 метри).

– Паралелно со овие велосипедски патеки, екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на реконструкција на велосипедските патеки на бул. „8 Септември“ – од крстосница со бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосница со улицата „Скупи“, соопшти Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција