Утре второ прскање против ларви од комарци на подрачјето на Скопје

Од:

Град Скопје соопшти дека утре и задутре ќе се изврши втората фаза од прскањето против ларви од комарци на подрачјето на град Скопје, што опфаќа авионско прскање и дезинсекција од земја.

Авионската дезинсекција ќе се изврши утре (понеделник) во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција задутре (вторник) во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот