Дескоска ќе летува во Охрид, Филипче во Грција, останатите оставаат Владата да соопшти каде се

Од:

Најголем дел од министрите во Владата заминуваат на годишен одмор, но не кажуваат каде ќе летуваат.

На прашањата од „Макфакс“ за тоа каде, кога и колку денови ќе летуваат, одговорија само министерката за правда, Рената Дескоска, и министерот за здравство, Венко Филипче.

„Утре одам во Охрид. Не знам точно колку дена, ќе зависи од обврските што може да излезат“, изјави за „Макфакс“ министерката Дескоска.

И министерот за здравство, Венко Филипе, без двоумење одговори на прашањата за годишниот одмор.

„Утре одам за Грција. Ќе останам една недела“, кусо изјави за „Макфакс“ министерот Филипче.

Другите министри во Владата на Зоран Заев не сакаа да одговорат на прашањата. Посочија дека ги пријавиле одморите кај нивниот работодавач – Владата и дека сите информации треба да ги бараме од нив.

Миле Бошњаковски, портпарол на Влада, најави дека во скоро време ќе биде готова листата со одморите на министрите и на премиерот.

„Службите го подготвуваат соопштението. Ќе го објавиме многу скоро“, рече портпаролот Бошњаковски.

Тој не кажа зошто досега не го објавиле соопштението со оглед на тоа што некои министри веќе се на одмор. Јавноста забележа дека на чествувањето на Илинден ја немаше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. И таа не одговори на прашањата на „Макфакс“ за годишниот одмор. Неофицијално, министерката заминала на одмор во Грција уште пред празникот.

Минатата година Владата на 30 јули објави каде, кога и колку време ќе летуваат министрите и најави дека таквите соопштенија ќе станат пракса.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски