СДСМ: Иванов ги погази илинденските вредности

Од:

„Иванов ги погази илинденските вредности и докажа дека не е достоен на функцијата што ја извршува

Ѓорге Иванов денеска уште еднаш потврди дека е ист како неговиот ментор Никола Груевски и дека продолжува да сее омраза и поделби меѓу граѓаните.

На денот кога граѓаните на Македонија го слават славното минато на заедништво, меѓусебно разбирање почитување и борбата за слобода и демократија, Иванов во своето обраќање поттикнуваше меѓуетничка омраза.

Со тоа Иванов брутално ги погази вредностите што со себе ги носи овој голем ден, а се втемелени во Крушевскиот манифест и манифестот од АСНОМ.

Денеска уште еднаш се потврди дека Иванов, човекот што амнестираше криминалци, не е достоен да ја извршува функцијата на којашто е.

Иванов продолжува да работи против интеграцијата во ЕУ и НАТО и дејствува спротивно на националните и државни интереси.

Никакво антидржавно однесување на Иванов нема да ја загрози македонската иднина. Граѓаните масовно ќе излезат на референдум, ќе го поддржат Договорот со Грција, ќе ја поддржат македонската иднина во ЕУ и НАТО.

Македонија и нејзините граѓани одат кон иднината, Иванов останува изолиран во своите антидржавни политики“, се вели во реакцијата на СДСМ на обраќањето на претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците