Израел ја запре испораката на гориво за Појасот Газа

Од:

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман нареди да се стопира испораката на нафта и природен гас за Појасот Газа поради запаливите балони кои пристигнуваат од палестинската територија.

– Израел ќе ја прекине испораката на гориво поради континуираниот терор со запаливи балони и создавање тензии на границата, истакна Либерман.

Тој додаде дека уште од денеска ќе се применува одлуката.

Слична привремена мерка Израел донесе во јули поради слични причини.

Запаливи балони и змаеви предизвикаа пожари во јужниот дел на Израел, при што е уништено земјоделско земјиште и шуми.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

Макари: Сакаме примирје со Израел, правиме дипломатски напори

Израелски медиуми: Авиони го бомбардираа засолништето на шефот на Хезболах со повеќе од 80 тони бомби

ABC News: Израелските војници влегоа во Либан

Израелски тенкови снимени во близина на границата со Либан