• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за мајката на претепаното бебе

by А1он02/08/2018 - 11:3902/08/2018 - 12:07157
Share0

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против К.М. (20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело “запуштање и малтретирање малолетно лице“ предвидено и казниво по чл.201 од КЗ на Р. Македонија. Пријавената во периодот од 15.06. до 06.07. годинава во повеќе наврати на локации каде што престојувале го оставала без надзор и без грижа своето едногодишно дете М.Д., при што детето се здобило со тешки телесни повреди.

Добивај вести на вибер

Имено, на седми минатиот месец пријавената К.М.(20) заедно со нејзин пријател Т.Ј. од Скопје, во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје го донеле детето, кај кое биле видливи повеќе повреди по телото и главата, дополнително констатирани и документирани од страна на лекари при Ургентниот центар.

По пријавувањето на настанот, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршен е разговор со К.М. во кој истата појаснила дека на 15.06. годинава, таа заедно со нејзиното дете го напуштиле нивниот семеен дом во Скопје каде што престојувале со фамилијата на нејзиниот невенчан сопруг, бидејќи истиот бил на издржување на казна затвор во КПУ „Скопје“ Скопје. Од нејзина страна било посочено дека престојувала на неколку локации во Скопје каде што повеќе пати го оставала само и без надзор нејзиното едногодишно дете. На 07-ми минатиот месец пријавената заедно со нејзиното дете побарала од Т.Ј. да ги однесе на посета кај нејзинот невенчан сопруг, но откако тој видел дека детето има повеќе повреди по лицето и главата веднаш со своето возило ги однел во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Од страна на полициски службеници од ЕНК – ОКСД при СВР Скопје извршен е разговор со пријавената и уште девет други лица, а извршено е полиграфско испитување. Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје, на локациите каде престојувала пријавената извршена е крим-техничка обработка, а подигнатите траги се предадени на ОКТИВ при МВР на РМ за што од нивна страна изготвени се извештаи од вештачење. Целокупниот материјал е предаден на надлежен Јавен обвинител на натамошно постапување.

skopje

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен