Општина Аеродром бара 10 стручни лица за грижа на деца со посебни образовни потреби

Од:

Општина Аеродром објави оглас за вработување 10 стручни лица со професија дефектолог, психолог и педагог, кои ќе бидат ангажирани за помош на деца со посебни образовни потреби. Огласот трае до 14 август.

Од општината информираат дека станува збор за проектот „Унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со посебни образовни потреби, кои ги посетуваат училиштата во Општина Аеродром“. Проектот го спроведуваат општина Аеродром, Агенцијата за вработување и УНДП.

Целта на овој проект, како што се наведува, е да ја подобри грижата за децата со посебни образовни потреби за нивна уште поголема инклузија во образовниот процес и непречено одвивање на сите образовни активности во три основни училишта на територијата на општина Аеродром: „Ѓорѓија Пулевски“, „Лазо Ангеловски“ и „Александар Македонски“.

Од друга страна, преку овој проект ќе им се помогне на активните баратели на работа (дефектолози, педагози, психолози и други професии од сферата на грижа на лица со посебни образовни потреби) да се стекнат со професионално работно искуство и вештини, за да станат поквалификувани и конкурентни на пазарот на трудот, со крајна цел намалување на невработеноста во општината и во државата.

Лицата кои ќе бидат избрани на конкурсот ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 работни часa неделно за период од 9 месеци. Ангажираните лица ќе бидат задолжени за следење на учениците со посебни образовни потреби, на кои им е потребна дополнителна стручна помош за успешно адаптирање и ресоцијализација преку најразлични вежби и индивидуална работа, потенцираат од општината.

Повеќе детали може да се добијат во општина Аеродром, во Агенцијата за вработување, во Центарот за социјална работа во Скопје и преку линкот http://aerodrom.gov.mk/vest/1934 .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени