Мареј: Ова е важна победа за враќање на самодовербата

Од:

Поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј ја забележа втората победа во период од една година и изјави дека последната особено му значи за враќање на самодовербата.

Британскиот тенисер славеше на стартот од турнирот во Вашингтон, откако претходно повеќе месеци не се натпреваруваше поради повреда на колкот.

– Ова за мене беше тежок, навистина тежок натпревар, а противникот можеше да ме победи. Пред три години бев поразен на овој терен и тоа ми помина низ мислите. Но, сепак, убаво е што успеав да победам, бидејќи е значајно за враќање на мојата самодоверба, истакна Мареј.

Тој на почетокот од турнирот од серијата 500 во Вашингтон го совлада американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд со 3:6, 6:4, 7:5 за 2 часа и 37 минути игра.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ