Обука за лидерство во Гевгелија

Од:

Менаџери од гевгелиски фирми и вработени во општинската администрација се обучуваа да станат лидери. Тоа им го овозможи работилницата што се одржа изминативе два дена во организација на фондацијата „Аполонија“ и Мировниот корпус во Македонија.

– Во сесиите на работилницата првиот ден ги опфативме важните основи на бизнисот, комуникацијата, правењето стратешки план што ја дефинира работата и користењето клучни податоци за мерење прогрес и адаптирање на планот врз основа на перформансите, додека вториот ден со вежби и интерактивни тркалезни маси ги анализиравме разликите меѓу лидерите и менаџерите кои како вештини се потребни да се биде ефективен менаџер, потенцираа организаторите.

Предавачи на работилницата во Гевгелија беа искусни и успешни менаџери од САД кои моментно се волонтери во Мировниот корпус.

Ова беше еден од петте настани годинава кои се дел од програмата „Трансфер на вештини“ што заедно ја спроведуваат „Аполонија“ и Мировниот корпус.

Би можело да ве интересира

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци