Владата ќе расправа за заемот за модернизација и изградба на Клиничкиот центар и болницата во Штип

Од:

На денешната седница Владата ќе ги разгледа информациите за склучување на Договор за доделување на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции со повеќе компании во Република Македонија.

Министрите во Владата на Република Македонија денеска ќе го разгледаат Предлог – законот за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за финансирање на Проектот за изградба и модернизација на клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје и регионалната клиничка болница во Штип.

На предлог на Министерство за надворешни работи на денешната седница ќе биде ставена на дневен ред Информацијата за актуелните состојби и поважни политики на ЕУ во 2017 година, на Министерството за правда е предлагач на Информацијата за реализација на Договорот меѓу Република Македонија и ЕВРОПРАВДА (EUROJUST).

На денешната седница на Владата ќе биде разгледана и Информацијата за Ревидираниот Оперативен план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, со Ревидиран Оперативен план, како и Информацијата за Акцискиот план за формализирање на неформалната економија во Република Македонија 2018-2020 година, со Акциски план за формализирање на неформалната економија во Република Македонија 2018-2020, Предлог-одлука и Предлог-решение.

Владата денеска ќе ја разгледа и Информацијата со Извештај за напредокот во спроведување на Проектот – Регионален портал на трговски регистри на Југоисточна Европа.

Министерство за животна средина и просторно планирање за денешната седница ја предлага точката Информација за напредокот и спроведувањето на Програмата за реформи на единиците на локална самоуправа во областа на животната средина.

На оваа, 82-ра седница на Владата на Република Македонија, која е закажана за 12:00 часот, се предвидени и повеќе други точки од интерес на граѓаните и на државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски