Федерер: Морам да стигнам до четвртфинале само за да си ги покријам трошоците

Од:

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер секогаш патува со голем тим и семејството на турнирите, па затоа честопати не му се исплаќа учеството на некои турнири.

Во споредба со поголемиот дел од играчите, околу Швајцарецот на турнирите има огромен број на луѓе, а тоа често создава дополнителен притисок.

– Тимот ми е многу важен, јас секогаш сум се чувствувал дека си добар онолку колку што се добри членовите на твојот тим. Имам огромен тим, понекогаш тоа може да направи притисок, бидејќи морам да стигнам до четвртфиналето за да ги покријам барем трошоците, рече Федерер.

Сепак, Федерер не гледа на притисокот како на лоша работа.

– Кога не би бил нервозен, тоа би значело дека веќе не ми е гајле. Притисокот не може да се избегне, ние не сме роботи, ние сме човечки суштества, понекогаш со доволно доверба, понекогаш со премногу. Ни тоа не е добро нешто, мора да пронајдеш баланс, смета Роџер.

Федерер беше елиминиран во четвртфиналето на „Вимблдон“, па барем неговото патување во Лондон не беше трошок.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ