Иснер во друштво на Мекинро, Сампрас, Агаси и Конорс по триумфот во Атланта

Од:

Џон Иснер повторно ја освои титулата на турнирот во Атланта со награден фонд од 668.460 долари. Во финалето, Американецот победи по пресврт со 5:7, 6:3, 6:4 против неговиот сонародник Рајан Харисон.

Иснер има 14 титули од турнирите на АТП, откако триумфираше и во Мајами во април. Претставникот на САД има 31 победа и само четири порази во турнирот во Атланта. Со тоа, Џон Иснер застана до Џон Мекинро, Пит Сампрас, Андре Агаси и Џими Конорс, кои се единствените Американци со пет или повеќе шампионски титули од еден ист турнир.

– Знам дека имав огромна среќа. Ја искористив одлично единствената шанса која ја имав. Го освоив вториот сет и ја искористив раната можност во третиот дел. Во други случаи се потребни четири или пет шанси за да се стигне до победа на даден дуел, изјави шампионот во Атланта.

Триесет и три-годишниот Џон Иснер го освои турнирот во Атланта во 2013, 2014, 2015, 2017 и 2018 година.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ