Пресадувањето мустаци привлекува се повеќе туристи во Истанбул

Од:

Истанбул привлекува милиони туристи секоја година, но сите не доаѓаат само за да се воодушевуваат на историските споменици и атмосферата на некогашната престолнина на Османлиската империја. Од неодамна градот стана познат и како место каде мажите можат да си пресадат мустаци.

Мустаците, како белег на мажественоста и неоспорен авторитет, се многу популарни во Турција и Азија и затоа мажите, посебно голобрадите, доаѓаат во Истанбул за да го решат овој проблем кај специјализирани естетски хирурзи.

– Кај нас доаѓаат многу мажи, кои сакаат да пресадат мустаци, бидејќи имаат желба да изгледаат посериозни и помажествени, изјави доктор Селахатин Тулунеи, кој веќе три години се занимава со вакви операции.

Тој објасни дека турските серии најмногу придонеле за тоа, потсетувајќи на старата поговорка „Маж без мустаци е како куќа без тераса“.

Во Истанбул има околу 250 клиники и приватни ординации кои извршуваат пресадување на бради и мустаци. Голем број од нив соработуваат со туристичките агенции, кои нудат поволни аранжмани.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ