(ВИДЕО) Арсовски: И братучедот на градоначалникот на Велес добил грант од Фондот за иновации

Од:

Списокот на функционери и нивни блиски луѓе кои земале грант од Фондот за иновации секојдневно се зголемува.Денес во медиумите можевме да забележиме уште едно име кое земало грант од Фондот за иновации, а како што можеме да прочитаме се работи за прв братучед на велешкиот градоначалник од СДСМ Аце Коцевски, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција.

– Дали Трајче Трајков, прв братучед на Аце Коцевски од СДСМ е уште еден сомнителен иноватор кој земал околу 45.000 евра од фондот за иновации? Трајче Трајков со неговата фирма Хемија Комерц ДООЕЛ Велес преку Фондот за иновации земал 45.000 евра народни пари за проектот „Сопствено производство на готови керамички маси за производство на трпезни керамички садови“. Овој мега скандал зазема се поголеми размери и граѓаните со право очекуваат оставки. Првиот братучед на Аце Коцевски, Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, Цветанка Ласкова, Весна Кузмановиќ и многу други блиски лица до СДСМ ги испумпуваат народните пари преку своите наводно „иновативни“ проекти. Вмешаните функционери во овој мега скандал немаат доблест да си поднесат оставка од морални и етички причини, рече Арсовски.

Како што кажа тој, иновативниот криминал поврзан со Фондот тежи околу 10,5 милиони евра.

– Го охрабруваме Јавното обвинителство да дејствуваат непристрасно и според законите како што им налагаат. Не треба човек да биде правник за да види дека овде има основа за кривично гонење на иновативниот криминал во десетици случаи за испумпување на народни пари во приватни џебови на лица кои се блиски на СДСМ или нивни функционери. Овој криминален мега скандал мора да се истражи во детали и во ниту еден случај ниту случајно да не се обидат СДСМ преку своите канџи во судството да го заташкаат или да го исперат криминалот. Се работи за очигледен криминал кој го виде целата јавност и се случува пред очите на јавноста. Во спротивно еден ден кога ќе се отараси судството од канџите на СДСМ сите до еден ќе одговараат за овие скандали кои ни се случуваат пред нашите очи, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад