(ВИДЕО) Арсовски: Скандалот со Фондот за иновации трае како „Малечката невеста“

Од:

Скандалот со Фондот за иновации стана како индиската серија „Малечката невеста”, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој траел и никако да престанел.

– Само што ова не е љубовна серија со индиски глумци, туку серија на криминал, во која што единствена иновација е натпреварот кој може да украде повеќе за што покус период, а главните улоги се функционерите на СДСМ.

 Последен во низата на сомнителни, „иновативни криминали“ е случајот со фирмата „Стратум Рид ДООЕЛ Скопје“ чиј сопственик Весна Кузмановиќ која добила грант, иако била ангажирана од Фондот да биде консултант да им ги пишува предлог проектите на другите фирми кои што аплицирале.

 Тоа значи дека ем била ангажирана да помага во пишување проекти за други фирми кои конкурирале за грант од Фондот, ем добила грант за сопствената фирма, рече Арсовски.

Тој додаде оти вчера запрашале дали луѓе од Фондот се состанувале со менаџментите на компаниите, според Арсовски, одговорот доаѓа со тоа што ангажирана во Фондот за иновации и пишување проекти добила грант.

– Јавноста затоа прашува дали овде постои основан сомнеж дека се работи за договарање во четири очи со лице кое има конфликт на интереси.
Ниту Фондот, ниту Кузмановиќ не почуствувале потреба да биде изземена при доделувањето на грантови, што отвора сомнеж дека имале фаворизирана позиција во доделувањето на грант за наводна иновативност.

 Иновативниот криминал поврзан со Фондот веќе целата јавност го виде и тој тежи 10,5 милиони евра. Овде има работа за ОЈО колку им душа сака. Конфликт на интереси, злоупотреба на службена должност и уште десетици други дела казниви според законската легислатива на Република Македонија, рече Арсовски.

Според него тука постои основа за кривично гонење во десетици случаи за испумпување на народни пари во приватни џебови.

– Јован Деспотовски како директор на Фондот за финансирање на партиски подобни фирми со иновативни идеи за влечење буџетски средства, како и вицепремиерот Анѓушев, пратеникот Хари Локвенец, советничката Цветанка Ласкова и другите вмешани лица во оваа коруптивна мрежа треба да се истражат и ако се потврдат сомнежите да се повикаат на материјална но и кривична одговорност.

 А, до тогаш, додека се истражи криминалот да понесат морална одговорност да си поднесат итни оставки за да не влијаат на истрагата која што претстои, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад