ВМРО-ДПМНЕ: Се краде безмилосно и бесрамно

Од:

Зад кулисите на бришењето на името Република Македонија и откажувањето од македонската традиција, историја и култура, Зоран Заев и СДСМ го спроведуваат на дело најголемиот и најбруталниот грабеж, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се краде безмилосно и бесрамно. Одговорност нема. Органите на прогонот се под целосна контрола и притисок на криминалниот картел на власт. Наместо да се најдат на обвинителна клупа, осмничените продолжуваат да располагаат со парите на граѓаните и да ги прикриваат трагите. Картелот на власт се откажува од се што е македонско, нашето име, јазик, историја, идентитет и култура, го промени Уставот, ги крши законите и процедурите, само за да ги прикрие украдените милиони на грбот на македонскиот граѓанин“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Соред нив, владата на СДСМ ги користи овие моменти за исплаќање на долговите кон своите партиски послушници и полтрони.

„Буџетот на Македонија, преку Фондот за иновации и технолошки развој е оштетен за 10.5 милиони евра. Во моменти кога економијата е во слободен пад, бруто домашниот производ бележи очајнички раст од 0,1 проценти во првиот квартал за 2018 година, а во 2017 економскиот раст изнесуваше 0 проценти, стотици илјади евра легнаа на сметките на фиктивни фирми, во сопственост на лица блиски до Заев и СДСМ. За трагедијата да биде уште поголема, во моменти кога милионски суми се доделија за наводни иновации, Македонија за 2018 година бележи пад од 27 места на скалата за иновативност. Целта на ваквото криминално работење е евидентна, целта е купување на поддршката за промена на името и распродажба на државните и националните интереси. Заев е видно исплашен, стравува дека нема да може да ги исполни концесиите кон оние на кои им ја ветил капитулацијата на Македонија. Граѓаните не ја поддржуваат капитулантската Спогодба со Хеленската Република, со која македонската нација, се претвора во вештачка нација. Заев знае дека нема поддршка кај народот, Заев знае дека мора да си замине бидејќи на крајот Македонија ќе победи“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад