Почнува шестото издание на фестивалот ДримОн

Од:

Под мотото „Култура сега!“ од денеска до 29 јули во Струга ќе се одржи шестото издание на фестивалот за процесирање култура ДримОН во организација на Иницијатива за независен културен активизам ИНКА.

Со ова мото, како што информираат организаторите, сакаат да упатат порака да не се запоставува културата и оти мора веднаш да се дејстува за нејзино издигнување од пепелта.

– ДримОН апелира за културни настани и во провинцијата, за кварт на култура во Струга, деметрополизација, современост, интердисциплинарност, интеркултура, уметничка автономија, за унапредување и оплеменување на културните институции, за право на култура до сите, соопшти организаторот.

Петдневната програма на годинашното издание е богата со книжевни промоции, дискусии, музички концерти, театарски претстави, дискусии, изложби. На петте фестивалски денови предвидени се детски арт работилници, промоција на книгата „Ехо на слободата“ на Ана Јовковска, ликовни изложби на Антони Мазневски и Никола Радуловиќ, откривање музејски тајни во соработка со музејот „Доткор Никола Незлобински“… театар во сенки ќе ја изведе детската претстава „Малиот принц“….

Фестивалот ДримОн е во организација на здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга, во копродукција со центарот за култура „Браќа Миладиновци“ поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, преку годишниот конкурс за интердисциплинарни проекти, како и од фондацијата Отворено општество Македонија, за проектот „Заедничка платформа за култура – култура до сите“.

Би можело да ве интересира

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга