Нетанјаху: Турција се претвора во „мрачна диктатура“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанjaху денеска изјави дека Турција со управувањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган се претвора во „мрачна диктатура”.

Нетанјаху тоа го изјави како одговор на изјавата на Ердоган, кој го оквалификува Израел како „најфашистичката и расистичка” држава во светот.

– Ердоган убива Сиријци и Курди и праќа во затвор десетици илјади Турци. Под негова власт Турција се претвори во мрачна диктатура, нагласи Нетанјаху по изјавите на турскиот претседател против усвојувањето на неодамнешниот закон со кој Израел е „земјата-нација на еврејскиот народ”.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху вети дека ќе им се одмазди на јеменските Хути

Штрајк на наставниците во Тел Авив, судот го ограничува времетраењето на прекинот на работата

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

(ВИДЕО) Балистичка ракета го погоди аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, има повредени

Горан Наумовски

Израелската влада го повика Катар да „престане да си игра игри“ и со Израел и со Хамас во преговорите

Израелската армија мобилизира резервисти