Илјада и седумдесет балони беа пуштени кон небото прославувајќи го откривањето на буквите од пораката на Јосип Броз Тито во Музеј на град Скопје.
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов истакна дека пораката на Тито била отстранета поради идеолошки причини, но дека сега е исправена грешката.
„Оваа порака е симбол на солидарноста што ја добивме. Скопје има нов концепт. Скопје е урбан центар. Ја вклучуваме и Асоцијацијата на архитекти, кои беа исклучени и ќе работиме на урбанизирање на градот“ порача Шилегов.

Со дваесетина културни настани на неколку локации, град Скопје деновиве ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Овој настан симболично наречен „Солидарноста се враќа дома“, ќе биде проследен со активности во Музејот на град Скопје.
„Зборува Скопје“ во четири дена ќе ја обедини ликовната, театарска, филмска и мултимедијална уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата.