Заев: Партиската е и здравствена книшка и апликација за субвенции

Од:

Во темница, поради тоа што градоначалникот на неготино го згаси уличното осветление, пред неготинчани се обрати потпретседателот на СДСМ, Зоран заев.

Забегаа во апсолутната власт. Притисоци на сите страни. Ја пљачкаат секоја македонска душа и семејство. Зарем е во ред 320 милиони евра да потрошат за нешто што вреди помалку и тоа кога е лелек и плач од сиромаштијата. Зарем е чесно припадник на полицијата да убие млад човек, а министерката да лаже. Зарем е чесно тоа што го направија врз Душко млекарот? Зарем е демократски да се сруши грандиoзен проект како Космос, само затоа што некој не се согласува со власта, да се укине 2.500 илјади денари социјална помош, рече Заев.

Заев рече дека партиската е и здравствена книшка и апликација за субвенции.

На 24. декември рече, се разобличи лицето на оваа грда и недемократска власт.

Затоа сме ние тука, опозицијата, да го охрабриме овој народ, да го кренеме, оти вака не бива. Да се бориш за слободата и демократијата е света работа, затоа исправете се македонци, спасете ја оваа наша земја, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата