Дел од корисниците во Центар, село Бардовци и локалитетот Матка утре без струја

Од:

Корисниците од објектите на Музеј Матка, Ресторан Кањон Матка и црква „Свети Андреј“ на локалитетот Матка во Општина Сарај утре ќе бидат без струја од 8:30 до 15 часот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија.

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија во истиот период од денот ќе останат и корисниците од дел од ул. „Аминта Трети“, броевите од 70 нагоре, поточно објектите во околината на крстосницата со бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (Клуб на пратеници, Гостилница „Ка“, Холандска амбасада и други во Општина Центар.

Од 8:30 до 14:30 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од ул. „Македонија“ (зграда палата Македонија во Општина Центар), а од 9:00 до 13 часот – корисниците од дел од улицат „12“ во село Бардовци во Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот