Појаснување од Собранието за анкетата на Вестминстерската фондација за демократија

Од:

Ве известуваме дека во прилог ви се доставуваат резултатите од спроведената редовна годишна телефонска анкета и дописот со кој на 25 јануари 2013 година Вестминстерската фондација за демократија до Собранието на Република Македонија официјално ги достави резултатите од спроведената анкета.

Истовремено ве известуваме дека за спроведување и на оваа анкета, како и претходните години, Вестминстерската фондација за демократија го ангажираше Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје, а беше користен истиот методолошки пристап и прашалник како и во изминатите години, надополнето со две прашања од Кабинетот. Посочуваме дека официјалните резултати од спроведената анкета на 25 јануари 2013 година, до Собранието беа доставени без забелешка во однос на методолошкиот пристап или пак во однос на било кој друг аспект од реализирањето на анкетата.

Редовната телефонска анкета за перцепцијата на јавноста за работата на Собранието на Република Македонија беше спроведена на 17 и 18 јануари 2013 година. Анкетата е спроведува во рамките на Меморандумот за соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Вестминстерската фондација за демократија од Велика Британија. Анкетата е спроведена од Институтот за демократија “Социетас цивилис” Скопје. Со анкетата се опфатени 1123 испитаници на територијата на целата Република Македонија по пат на телефонска анкета на 17 и 18 јануари 2013 година. Испитувањето е направено на прашалник од стандардните 16 прашања плус демографските прашања.

Со оглед дека на крајот на 2012 година, поточно на 24 декември 2012 година и деновите кои претходеа се случија настани кои значително можат да влијаат врз перцепцијата на граѓаните за работата на Собранието, анкетата беше дополнета уште со две прашања поврзани со перцепцијата на настаните од 24 декември 2012 година. Првото прашање генерално ја испитува перцепцијата на граѓаните за тоа дали треба да се почитува редот во Собранието на Република Македонија без оглед колку се заострени политичките разлики меѓу пратениците.

Додека, пак, второто прашање конкретно ја оценува перцепцијата на граѓаните кога има ситуација на непочитување на редот односно дали доколку не се почитува редот во пленарната сала на Собранието, претседателот на Собранието треба да ги отстрани од пленарната сала пратениците кои го попречуваат работењето.

Во однос на полот од 1123 испитаници 521(46,4%) се од машки пол додека 602 (53,6%) биле од женски пол. Според етничката припадност опфатени 723 (64,4%) испитаници од македонска етничката припадност, 284 (25,3%) од албанска етничката припадност, турска етничката припадност 44 (3,9%), ромска етничката припадност 30 (2,7%), како влашка, српска, бошњачка и друга етничката припадност. Во однос на возраста од вкупно 1123 испитаници опфатени се од 18 до 60+ годишна возраст од кои 398 (35,5%) се од 60+ годишна возраст, 226 (20,2%) се од 50-59 годишна возраст,176 (15,7%) се од 18-29 годишна возраст.

Според образованието опфатени се 5 испитаници без образование, 64 со незавршено основно, основно 228 (20,3%), средно 544 (48,5%), вишо 54 (4,8), високо 220 (19,6%), постдипломски 7 (,6%). Според местото на живеење на испитаниците, од село се опфатени 352 (31,3%), помал град 236 (21,0%), поголем град 280 (24,9%) и Скопје 255 (22,7%).

Во однос на занимање опфатени се 204 (18,2%) невработени, пензионери 295 (26,3 %), професионални работници 72(6,4%), земјоделски/ риболовни/шумарски работници 41 (3,7%), и друго 83 (7,4 %). Додека во однос на изборните единици, опфатени се сите шест ИЕ, притоа од ИЕ1 175 (15,6%), ИЕ2 219 (19,5%), ИЕ3 167 (14,9%), ИЕ4 179 (15,9%),ИЕ5 183 (16,3%) и ИЕ6 201 (17.9%).

Резултатите од анкетата не се спорат од никого, туку се спори дали требало да се одржи брифинг или јавна презентација. Сметаме дека откако резултатите официјално беа доставени до Собранието на Република Македонија, истите можат и треба да бидат достапни и за јавноста. Начинот на презентирање на резултатите (брифинг или презентација) е од второстепено значење, а од примарно значење се резултатите. Факт е дека ставовите на одредена политичка партија се во голем расчекор со перцепцијата на граѓаните за случувањата во Собранието.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти