(ВИДЕО) Коцев: Мицевски престани да ги уценуваш вработените во Исар

Од:

Г-дин Никола Мицевски, координатор на ВМРО ДПМНЕ, Директор на ЈП “ИСАР” и потенцијален кандидат за Градоначалник. Ве замолувам, да престанете да ги малтретирате, преместувате, уценувате, шиканирате, деградирате – членовите и симпатизерите ан СДСМ, вработени во ЈП “ИСАР”, рече Здравко Коцев, кандидат за градоначалник од опозицијата.

Веќе подолго време, вели, не престанувате со своето нечовечко однесување кон вработените.
Нели е веќе доста, нели се заситивте веќе! Понудата од типот – Вмровска книшка, ако сакаш да го задржиш работното место!Уцените од типот – Ако те видам на протести или било која активност на СДСМ, ќе леташ од работа!

Или пак ако веќе не сакаш книшка, ако веќе мораш да одиш на протести, ајде малку да се прошетаме, дасе повозиме. Ве замолувам да престанете да го правите ова, или пак ако веќе го правите, правете го со вашите членови, со вашите членки!

Да ве прашам, во периодот додека јас бев директор на ЈП “ИСАР”, дали на некој од вашите членови му фалеше нешто, дали некој беше шиканиран, уценуван?

Прашајте ја Лидија Коцева, тогашен и сегашен раководител на водовод и канализација, голем професионалец, дали ја прашав на која политичка партија припаѓа.

Дали го прашав Мишко Којзеклиски, тогашен раководител на Р.Е. Бања Кежовица,
Мичо Читкушев, раководил на возен парк, Борче Панов, заменик раководител на комунална хигиена, прашајте го вашиот технички директор Игно Ивановски, во тоа време заменик раководител на паркови и зеленило, колку време помина во Русија?

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он