А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Судот повторно ќе одлучува дали Владата треба да ги плати фактурите од 25 илјади евра за сервисирање на климите

by А1он18/07/2018 - 12:59163
Share0

Основниот суд Скопје 2 повторно ќе треба да одлучува дали Владата треба да ѝ ги плати фактурите за сервисирање на климатизацијата по раксинувањето на договорот на фирмата „Мото електроникс“, направени пред 8 години, пресече Врховниот суд по барањето за ревизија на предметот. Судската постапка е од 2015 година, а вредноста на спорот 1.495.179 денари или приближно 25 илјади евра.

Следете a1on на Instagram Instagram

Фирмата која со години ги сервисирала клима-уредите, поднела тужба за ненаплатени фактури, откако Владата одлучила предвреме да го раскине договорот. Судиите во највисокиот суд утврдиле нејасност и противречност во фактите и доказите во текот на постапката кај пониските судови, а противтужбеното барање на Владата е одбиено како неосновано. Врховен смета дека судовите не дале доволно јасни и образложени причини во однос на висната на штетата што ја досудиле на тужителот поради неоснованото раскинување на договорите.

При повторното судење, првостепениот суд ќе треба да ги има предвид укажувањата на Врховниот суд, да ја отстрани суштествената повреда и да донесе јасна и разбирлива пресуда
подобна за испитување. Треба да ги има предвид и укажувањата во однос на фактите од кои произлегува основата за тужбеното барање и висината на штетата.

Основниот суд Скопје 2 го усвоил прецизираното тужбено барање Владата да му плати на тужителот – на име надомест на штета како резултат на неосновано раскинување на Договорот за сервисирање и одржување на дизел електрични агрегати и УПС уреди. Апелациониот суд Скопје со пресуда од 2016 година ја потврдил пресудата на Основниот суд Скопје 2.

Следете a1on на Youtube YouTube

Васко Маглешов

vlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео