Се преврте пожарна во Маџари, тројца пожарникари повредени

Од:

Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се повреденини денеска откако противпожарното возило се превртело во скопската населба Маџари кај Триангла.

– Пожарникарите итно се префрлени во Ургентниот центар, контактибилни се и се прават детални анализи, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Екипата требало да интервенира на пожар во куќа во селото Арачиново. Таму била испратена друга екипа. Опожарена е куќа во Арачиново од 200 метри квадратни, покрив и еден кат.

Противпожарното возило од засега непознати причини се превртело.Во тек е увид на местото на несреќата, а штетата дополнително ќе биде утврдена.

Би можело да ве интересира

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

79-годишен скопјанец допираше малолетно девојче

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски