Изминатото деноноќие 11 сообраќајки во скопско, две лица тешко повредени

Од:

Пешак и возач на патничко моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 11 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден. Во пет сообраќајки биле полесно повредени девет лица, а во четири била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, шест возачи за неправилно престројување, како и тројца возачи за не користење на заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл. Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и шест пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 13 нерегистрирани возила. Затекнати биле 59 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 61 возило.

Би можело да ве интересира

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

Мртва жена е пронајдена во нејзиниот дом во Скопје

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски