ВИДЕО: Димовски не доби збор од Џафери, пратениците на опозицијата лупаа по масите

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, неколку минути го убедуваше собранискиот спикер Талат Џафери да добие збор процедурално на седницата на која на дневен ред е предлог законот на Владата за измени во изборниот законик. Но Џафери одби со образложение дека тој повеќе не е координатор на пратеничка група. По ова, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ почнаа да довикуваат и да тропаат на масите.

Собранискиот спикер продолжи со работа, откако Собранието ја изгласа потребата од носење на измените на изборниот законик по скратена постапка.

Претходно, заменик-министерот за правда Оливер Ристовски ја образложи потребата за измена на изборниот законик образложувајќи пред пратениците дека се работи за измена на членот 27 со цел да се деблокира процесот за избор на ДИК.

„Определни закони бараат двотретинско мнозинство, како изборот на ДИК. Сепак, ваквото решение не смее да се претвори во спротивност, опозицијата да блокира. Венециската комисија го опфаќа и овој проблем. Владата предлага измени да се избрише двотретинско, и да влезе на сила на денот на објавување во Службен весник, по скратена постапка“, рече Ристовски.

Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се наведува дека целта е да се деблокира процесот за избор на ДИК. Од Владата бараат измените на изборниот законик да се гласаат по скратена постапка, но опозицијата не се согласува со овој предлог.

„Демонстрирате неразумно политичко однесување. ВМРО-ДПМНЕ учествуваше во реформските закони и гласаше затоа што не се водеше од партискиот интерес туку од оној на граѓаните“, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги