НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Собранието ја злоупотребило анкетата на Институтот за демократија

Од:

Собранието на Република Македонија минатата недела се пофали со поддршката која ја добило од граѓаните и со зголемената поддршка за првиот парламентарец. Анкетата ја изготви Институтот за демократија, „Социетас цивилис“.

Институтот денеска се огласи со писмена реакција во која стои дека првите две прашања од анкетата „Ако пратениците не го почитуваат редот во Собранието, дали да се отстранат?“ и „Дали да се почитува редот и покрај заострените односи?“, кои биле по нарачка на Собранието на РМ, требало да ги искористи Собранието за нивна интерна потреба.

„Во пресрет на анкетата која традиционално се спроведува на почетокот на годината, ИДСЦС доби барање за воведување две дополнителни „контролни“ прашања. Беше кажано дека резултатите од овие две прашања, кои инаку отстапуваат од воспоставениот прашалник што се користи секоја година, ќе послужат единствено за „интерни потреби“.

– ИДСЦС имаа методолошки и содржински забелешки за формулацијата на тие две дополнителни прашања. Сепак, по барање на корисникот, а во согласност од нарачателот, беше прифатено тие да бидат додадени на овогодинешниот прашалник, пред сè во име на претходната коректна соработка, но и џентлменски договор дека деталите околу презентирањето на резултатите од анкетата ќе бидат дополнително договорени.

– Форматот на презентација на резултатите од истражувањето, со последниот брифинг за новинари, отстапува од воспоставената пракса од претходните години, кога се одржуваше јавна прес-конференција во Собранието, со присуство на претставници од ИДСЦС и ВФД“, пишува во соопштението на Институтот објавено на нивниот официјален сајт.

soopstenieСпоред анкетата дури 72 отсто од граѓаните одговориле со „да“ на прашањето „Ако пратениците не го почитуваат редот во Собранието, дали да се отстранат?“

На второто прашање кое го поставило Собранието на РМ е „Дали да се почитува редот и покрај заострените односи?“, позитивно се изјасниле 94 отсто од анкетираните.

Анкетата покажува дека пораснал рејтингот и на првиот парламентарец, Трајко Вељаноски. Неговата работа позитивно ја оцениле 53 отсто од испитаниците, 29 отсто се изјасниле негативно, а 17 отсто одговориле со „не знам“.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти