Општина Гостивар ќе произведува електрична енергија од отпад

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари и директорот на компанијата на Ватерло Хестингс Енерџи, Филип де Берегард, денеска потпишаа меморандум за соработка за имплементација на локални и регионални проекти, со посебен акцент третсправување со отпад и вода.

Целта на овој меморандум е соработката во областа на економскиот развој, воспоставување на јавно-приватни партнерства, како и заштита на животната средина и справување со отпад и вода.

По потпишувањето на меморандумот, градоначалникот Арбен Таравари, на прес-конференција изрази особено задоволство за потпишувањето на меморандумот со компанија која ќе инвестира во регионалната депонија Русино.

“Следниот месец ќе се дефинираат сите детали од договорот за инвестицијата која ќе биде јавно-приватно партнерство, со што ќе се одреди точниот период на спроведување на проектот. Се надеваме дека ќе имаме поддршка од владата, бидејќи ја исполнивме обврската која се бараше од нас, т.е. создавање на јавно-приватно партнерство и се надевам дека наскоро ќе потпишеме и договор за инвестиции, односно на почетокот на септември, по дефинирањето на сите потребни детали”, изјави градоначалникот Таравари.

Тој истакна дека покрај депонирање на отпадот, ќе се врши и рециклирање а ќе се произведува и електрична енергија, со што проблемот со отпад ќе се реши во целиот полошки регион и ќе се има економска придобивка од овој проект.

Од друга страна, директор на “Ватерло Хестингс Енерџи”, Филип де Берегард, истакна дека неговата компанија е подготвена да воспостави јавно-приватно партнерство со Општина Гостивар, а инвестициите во рамките на овој мега-проект во депонијата Русино, ќе бидат 100 отсто од неговата компанија.

Би можело да ве интересира

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски