Копенхаген е единствен во Европа, а веројатно и во светот, поради еден негов специфичен дел, Кристијанија, иако во секој дел од овој град може да се пронајде нешто интересно.
Централната улица во кралскиот град Копенхаген се нарекува „Строгет“ и на неа има голем број продавници на светски познати дизајнерски брендови, потоа тука е Леголенд, забавен парк на најпознатите коцки во светот, како и голем број улични танчери и свирачи.
Копенхаген е оддалечен од Шведска околу 35 минити возење од Малме, при што се минува низ Оресундскиот мост. Тоа е комбиниран мост-тунел над Оресундскиот теснец, кој ги поврзува Копенхаген и Малме. Оресундскиот мост е најдолг комбинира мост-тунел за автомобилски и железнички сообраќај во Европа и најдолг мост кој минува преку некоја државна граница во светот.
Речиси во самиот центар на главниот дански град се наоѓа и слободниот град Кристијанија или како што популарно се нареува најголемиот социјален експеримент во Европа. Околу илјада луѓе живеат во овој интересен дел на градот, во кој нема ноќно осветлување, нема асфалт и тоа никому не му пречи, ниту на жителите, ниту на туристите, а опкружен е со зеленило и река.
Жителите изградија и градинки, училишта, простори за млади и игралишта. Рециклираат речиси 90 отсто од отпадот и не дозволуват автомобили.
Тоа што Кристијанија ја прави посебна е и фактот дека марихуаната се одгледува по дворовите, а тука сепак нема тешки дроги од 1979 година, така што оваа зона веројатно е повеќе ослободена од дрогите од остатокот на Копенхаген.