Уште од дамнешни времиња Даблин важел за културен центар, па од тие причини постојано инспирирал и намамувал многу писатели, музичари и други уметници. Некои од најпознатите секако се Џорџ Бернард Шо, Оскар Вајлд, Јејтс, Џејмс Џојс…
Тоа по што Даблин денеска е најпознат секако се пабовите. Кажуваат дека во самиот град постојат повеќе од 1.000 пабови. Она на што денешниот Даблинер прво ќе се потсети ќе биде првокласното пиво, а тука е и вискито, за кое тврдат дека лекува се, преку забоболка, низок крвен притисок или било која душевна болка.
За да го запознаете вистинскиот дух на Даблин, можеби е најдобро да отидете на ручек во еден од многубројните пабови (на пример во The Temple Bar) каде ќе Ве изненади атмосферата со мала група домашни луѓе, облечени традиционално, а кои изведуваат ирска музика. Како одминува ручекот, а празните кригли се множат, настанува вистински карамбол, бидејќи веќе не се гледа кој е гостин, а кој домаќин, и бидејќи сите се веселат заедно и секој секому е најдобар пријател.
Треба да се спомене дека Ирците се страсни кога е фудбалот во прашаање, за што говори и фактот дека сопственикот на хостелот во кој одседна екипата на патувања.ком во текот на следењето на еден натпревар успеа да „падне во оган“ и да го искрши столчето и далечинскиот управувач.
Но, на улица, надвор од пабовите и рестораните, локалното население ќе Ви делува дистанцирано и ладно, а можно е да Ви се чинат дека се дури и непријателски настроени кон странците.
Кажуваат дека имаат премолчен кодекс на однесување и покажување емоции на улица и надвор од неа.
Не треба да се пропушти посетата на музејот на пиварата „Гинис“, што е сместен на шест ката. А на седмиот кат, во Гравити барот, со пинта темно пиво можете да уживате во неверојатната панорама на градот.
На Тринити колеџот треба да се види „Книгата на Келс“ (Book of Kells), Библија со прекрасно украсени митолошки и келтски мотиви на рабовите од ракописот напишан од страна на монах во околу 800. година.
Во престолнината на Ирска не може да Ви биде досадно. Деновите можете да ги посветите на обиколка на куќата на Оскар Вајлд, посетата на Националниот музеј, да се сликате на Мерион сквер, да ги видите познатите мостот на О’Конели над реката Лифеј или да вдишете свеж воздух во паркот Св. Стефан. Или едноставно да тргнете во тура на обиколка на пабовите и да се обидете да го научите речиси заборавениот ирски јазик и да дознаете нешто за симболите на оваа необична земја, како што, на пример,се детелината, келтскиот крст и легендата за Свети Патрик и харфата.