Град Скопје нема да ги отстрани столпчињата на тротоарите на Партизанска за што граѓаните најавија протест

Од:

Заедниците на станари на зградите број 45 и 47 на булеварот „Партизански одреди“ за денеска најавија протест со блокирање на булеварот поради поставувањето столпчиња на тротоарите од страна на Град Скопје. Од Градот, пак, велат дека овие станари досега непрописно ги паркирале сопствените возила блокирајќи го просторот предвиден за пешаци и велосипеди.

„Град Скопје ги поставува столпчињата со цел да го спречи непрописното паркирање на возилата на површини предвидени за пешаци и велосипеди. Со заедниците на станари на овие две згради одржани се повеќе средби во последните неколку месеци со цел да се изнајде решение за проблемот со паркинг-просторот со кој се соочуваат. Станарите изразија подготвеност да престанат да се паркираат непрописно доколку им се обезбеди паркинг во согласност со прописите“, велат од Град Скопје.

На станарите на овие згради, како што се наведува, им било понудено на трошок на Градот да се изгради паркинг на местото на гаражите зад овие згради, кои зафаќаат многу простор, а се користат како магацински простории.

„Дополнително, им беше понуден бесплатен паркинг кај Универзалната сала како период на адаптација до изградбата на новиот паркинг. Предлогот за изградба на паркинг на местото на гаражите сè уште не е прифатен, но, за жал, друго алтернативно решение не постои. Град Скопје со поставување столпчиња во последните 6 месеци ослободи простор за пешаци и велосипеди во должина поголема од 3.000 метри, при што секогаш се водеше сметка да им се обезбедат алтернативни можности за паркирање на засегнатите станари од околните објекти“, се додава во соопштението на Градот.

Град Скопје најави дека нема намера да отстапи од идејата за ослободување од возила на просторите предвидени за пешачки и велосипедски сообраќај и во таа насока ќе продолжи да поставува столпчиња секаде каде што ваквиот простор е узурпиран.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот