ВИДЕО: Прекинато е финансирањето на 26 партии заради ненавремено доставување извештаи

Од:

Законската регулатива е добра во делот на финансирањето на партиите, но прашањето е во зајакнување на механизмите на имплементацијата, рече министерката за правда Рената Дескоска на тркалезна маса за Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија, во организација на Националниот демократски институт (НДИ) во соработка со Транспаренси Интернешнл Македонија.

Министерката потенцира дека пред неколку месеци е донесена одлука со која се спречено финансирањето на 26 партии, заради ненавремено доставување извшетај.

„Ако имаме 56 партии кои добиваат буџетско финанасирање, во април месец е донесена одлука со која е сопрено финансирањето на 26 партиии зашто ненавремено доставиле извештај и тоа е еден вид контрола која ги мотивира партиите на транспарентност“, вели таа.

Дескоска потенцираше дека е потребно јакнење на капацитетите на институциите како Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија, Обвинителството и други.

„Една од опциите да се зајакнат механизмите е финансирање од буџетот, но на ова одговор треба да даде Министерството за финансии, бидејќи ќе треба да се издвојат многу повеќе пари од буџетот“, додаде Дескоска.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on