Кон крајот на јули во Скопје пристигнува првиот тим експерти за преговорите со НАТО

Од:

Кон крајот на јули во Скопје ќе пристигне првиот тим експерти за техничките прашања поврзани со пристапните преговори со НАТО, брифира за „А1он“ висок претставник на алијансата во Брисел. Се очекува процесот на суштинските преговори да почнат во септември, кога повторно во Скопје ќе дојде тим експерти на Северноатланската алијанса.

Преговорите се очекува да траат од 6 до 8 месеци, а ратификацијата на пристапниот протокол приближно една година. Дел од прашањата за кои ќе се разговара се за тоа колку пари од буџетот за одбраната издвојува Македонија, потоа за бројот на воени офицери, за реформите во земјата.

НАТО ќе ги цени и реформите од планот 3-6-9 и од Извештајот на Рајнхард Прибе. Се очекува земјата да го зголеми бројот на вработени во постојаната мисија на НАТО во Брисел. Владата ќе треба да изготви и реформски план поврзан со поканата за членството во НАТО.

Според информациите, се очекува Грција прва да го потпише пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО, по референдумот и уставните промени, со што ќе испрати порака дека е за побрза интеграција на Македонија во северноатланската алијанса.

Поканата за НАТО што Столтенберг ќе му ја врачи на Заев содржи и анекс во кој е наведена целата процедура за прием на Македонија во алијансата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина