ВИДЕО: Македонија во 15 градови ќе ја слави поканата од НАТО

Од:

Прослава по повод поканата од НАТО за членство на Македонија во алијансата, ќе има во 15 градови во земјава, соопшти првиот човек на Владата, Зоран Заев во Брисел.

Прославата ќе се случува в сабота.

„Ве повикувам да прославиме заедно на 14 јули низ градовите. Со домашна музика да си честитаме затоа што Македонија оди напред”, рече Заев

Заев истакна дека лично се радува за поканата. Тој синоќа посочи дека Македонија станува дел од семејството, во куќата во којашто припаѓа. Одговарајќи на прашања, Заев нагласи дека Македонија во изминатите години постојано работеше на подигање на стандардите и на имплементација на вредностите што ги негува алијансата.

Во текот на вчерашниот, прв ден од самитот на НАТО, генералниот секретар, Јенс Столтенберг ја потврди поканата за нашата земја и рече дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО кога ќе бидат завршени сите национални процедури и договорот за името со Грција ќе биде комплетиран.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“