Жика Стојановски кандидат за градоначалник на Илинден од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори за општина Илинден, Жика Стојановски вечерва ја презентираше својата предизборна програма.

– Во изминатиот период со висок процент на успешност успеавме да реализираме голем број на проекти, некои проекти се во тек, но имаме и проекти кои не успеавме да ги завршиме, проекти кои треба да ги реализираме. Ве уверувам дека имаме решенија да постигнеме резултат во решавање на дефинираните проблеми, им порача Стојановски на присутните на презентацијата на програмата.

Работевме неуморно, нагласи, не штедејќи се во ниту еден момент.

– Нашата цел беше јасна, да се подобри квалитетот на живеењето на жителите од сите дванаесет населени места. Илинден станува лидер по инвестиции и вложувања, за што сведочи и големиот број компании, кои веќе станаа составен дел од работењето и пулсирањето на општината. Така ќе продолжиме и во иднина, потенцира Стојановски.

Потсети на многуте реализирани проекти во овој мандат и вети продожување на континуитетот и во наредниот.

– Го изградивме првиот сегмент од фекалната канализација со пречистителна станица, капитален проект што останува во врвот од приоритетите и за наредниот период. Станавме успешна инвеститорска дестинација што се наоѓа на сите бизнис мапи во регионот и пошироко, пред се благодарејќи на интензивните вложувања во патната, комуналната и енергетската инфраструктура, со што овозможивме во формираните девет локални економски зони да бидат поставени 110 камен темелници на нови стопански објекти кои креираа нови 1.500 работни места, рече Стојановски.

Неговата заложба, како што посочи, е интензивно инвестирање во инфраструктура и инфраструктурни објекти, отворање на работни места, изградба и подобрување на патна инфраструктура, изградба на фекална канализација, отворени одводни канали и зафаќање на атмосферски води.

– Заедно со мојата партија ВМРО-ДПМНЕ имаме јасна визија за Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски и социјален развој како и квалитетен живот на населението, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност