ВИДЕО: Од Влада не коментираат за поврзаност на разрешениот директор Шаќири со акцијата во Струга

Од:

Од Владата не сакаат да коментираат дали разрешувањето на директорот на струшкиот затвор Арменд Шаќири е поврзано со полициската акција во Струга. Барањето за оставка Шаќири го поднел пред неколку дена, но причините не се наведени.

– Шаќири поднел барање за разрешување до Владата и тоа вчера беше разгледано и прифатено. Нема да коментираме постапки за кои се надлежни други органи, како полициската акција спроведена изминатите денови, рече владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Викендов МВР соопшти дека била спроведена голема полициска акција во Струга и струшкиот регион за сузбивање на криминална група која продавала дрога и оружје. Полицијата приведе седуммина, а еден е во бегство. осомничените веќе одлежувале затворска казна но од отворен тип. Под истрага се повеќе лица, меѓу кои и еден инспектор од полициската станица во Струга, а според неофицијални информации се сомничат и вработени во затворот кои ја злоупотребиле службената положба и им помагале на затворениците.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски