Почна целосна реконструкција на јавното осветлување во населбата Лисиче

Од:

Општина Аеродром почна целосна реконструкција на јавното осветлување во населбата Лисиче.

Во рамки на активностите, информираат од општината, се заменуваат старите со нови метални столбови за јавно осветлување, кои сега се наоѓаат во дворните места на куќите во населбата.

Освен замената со нови, столбовите кои со години се наоѓаат во приватните дворови, ќе бидат поставени на јавна површина, односно на тротоарите. Станува збор за 265 столбови и околу 330 нови светилки, за што општината издвои шест милиони денари.

Исто така, континуирано се врши тековно одржување на осветлувањето на целата територија на општината, а во текот на годинава е планирано и за првпат целосно осветлување на трговскиот центар во населбата Лисиче, посочуваат од општината.

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски