Заврши Самитот во Лондон: ЕУ и Германија остануваат силно посветени, Британија ги удвојува фондовите за поддршка на Македонија

Од:

Премиерката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Тереза Меј, како исклучително успешна приказна меѓу последните два самита ЕУ-Западен Балкан го истакна историскиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција, при што им честиташе на премиерите Заев и Ципрас, потенцирајќи дека прогресот е возможен, соопшти владината прес служба.

Британската премиерката на Самитот во Лондон најави удвојување на финансиската поддршка за проекти за јакнење на јавната администрација во Македонија, како и помош за обука за дигитални вештини на еден милион деца од основните училишта од регионот, со цел да ја спознаат својата моќ во модерниот свет.

Во завршницата на самитот, премиерот Заев имаше билатерална средба со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

На средбата двајцата премиери разговарале за можностите за интензивирање на соработката меѓу двете земји и заеднички констатирале повеќе области со силни потенцијали.

Шефот на македонската Влада на маргините на Самитот имаше и кратка средба со канцеларката на СР Германија Ангела Меркел, на која ја запознал со подготовките за претстојниот референдум за реализација на одредбите од договорот за решение на македонско-грчкиот спор и за стратегиско партнерство.

Работна агенда на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Лондон заврши со заедничка прес-конференција на британската премиерка Меј, на канцеларката Меркел и на еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

На прес-конференцијата беше истакнато дека ЕУ и СР Германија, посебно низ Берлинскиот процес, остануваат и понатаму посветени на поддршката на афирмацијата на европските вредности во регионот, на проектите за поврзување и за регионална соработка и на проектите за обезбедување на безбедноста и сигурноста на регионот и на Европа и дека за идните проекти е предвидена и нова финансиска поддршка од фондовите на ЕУ.

Во состав на владината делагација предводена од премиерот Зоран Заев на Самитот ЕУ-Западен Балкан (Берлински процес), што се одржа во Лондон, беа и заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министер за надворешни работи, Никола Димитров.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада