(ВИДЕО) Венециска комисија: Потребно е допрецизирање на законите од правосудството

Од:

Делегација на Венецијанската комисија денеска се сретна со пратенците од владејачкото мнозинство, како и со претставници на партиите од опозицијата. Разговарале за реформските закони во правосудството. Законот за јазиците не бил тема на денешната средба.

-Задоволни сме од средбите, оценуваме дека постапките се во правилна насока , има нешта кои треба да се допрецизираат, но важно е дека и власта и опозицијата сакаат да се произнесе Венециската комисија за законите да бидат ефикасни. Се разговараше за два закона – за судски совет и Закон за судови. Не и за законот за јазиците, рече претставникот на Венецијанската комисија Филип Димитров.

Четиричлената делегација на Венециската комисија, која е во работна посета за евалуација на измените на законите од областа на судството, вчера имаше состанок со министерката за правда, Рената Дескоска.

Министерката Дескоска на средбата потенцираше дека се потребни квалитетни, долгорочни законски решенија за воспоставување независен, кредибилен и професионален судски систем во Република Македонија. Tаа дополни дека е потребен консензус и поддршка од опозицијата во законодавниот дом за ваквите законски измени кои се носат со двотретинско мнозинство, но потенцираше дека нема да отстапи од првичната цел – независно судство.

Делегацијата на Венециската комисија ќе се сретне и со претставници на Уставниот суд, Врховниот суд, Здружението на судиите на Република Македонија, Судскиот совет, Јавното обвинителство, како и со граѓанските организации.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија

Забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците ќе се анализираат по изборите

Ана Ололовска

Дескоска номинирана да ја замени Каракамишева во Венецијанската комисија

Кристијан Ландов

Од Венецијанската комисија не бараме одложување на мислењето за Законот за јазиците, вели Заев

Ана Ололовска

Дескоска: Сметам дека ќе се почитуваат препораките од Венецијанската комисија

Ана Ололовска

Османи: Ќе ги почитуваме препораките на Венецијанската комисија, но законот нема да се менува

Ана Ололовска